Црква „Св. Ѓорѓи“ - Жегљане
Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во козјачкото село Жегљане.[1] Црквата е сместена во главниот дел на раштрканото село Жегљане, во непосредна близина на старото основно училиште. Во нејзиниот двор се наоѓаат и самите селски гробишта. Црквата, заедно со нејзината внатрешноста, е во многу лоша состојба. ИсторијаСпоред авторот Јован Трифуноски, црквата била започната во 1867 година. Поради средишната положба на селото Жегљане, во отоманскиот период, црквата била посетувана од жителите на околните села.[2] Сепак, според историчарот на уметност Милева Лазова, црквата е изградена во текот на XVII век и се смета за поствизантиска градба, која поседува исклучителна богата украсна градба.[3] ФрескиДвокатниот иконостас во црквата е од 1874 година и е дело на двајца зографи. Четири од престолните икони — на Св. Ѓорѓи Победоносец, Богородица со Христос, Исус Христос и Св. Јован Претеча се дело на зографот Никола Михајлов. Останатите икони во иконостасот — јужната и северната врата, царските двери, 12. икони на апостоли и средишната икона на Возкресението Христово, на која што е потпишан авторот, се дело на зографот Вено Костов од Лазарополе во 1877 година.[4]
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia