Црква „Св. Никола“ - Стрезовце
Св. Никола — православна црква во кумановското село Стрезовце, Општина Старо Нагоричане. Му припаѓа на Кумановско-кратовското архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1] Ова е гробишен храм, сместен во маалото Илиевци, на патот за маалото Велковци. Изграден е и живописан во 1606 г. со помош на презвитер Петар.[2][3] На натписот е спомнат и пеќскиот патријарх Јован Кантул.[3] Градбата претставува трикорабна базилика со трикорабна припрата со спуштен свод со димензии 22 × 10 м и двокатен покрив. На исток завршува со полукружна апсида. Изградена е врз поголеми темели од стара црква. Фрескописот е делумно зачуван и стилски ѝ припаѓа на Линотопската школа.[3] Во 2006 г. е забележано дека бил во лоша состојба.[3][4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia