Црква „Св. Ѓорѓи“ - Клечевце
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во кумановското село Клечевце, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во јужниот дел на селото на месноста Падина, околу која се наоѓаат селските гробишта. ИсторијаНа местото на денешната црквичка постоела стара црква, за која нема податоци кога е изградена и урната, но се претпоставува дека тоа се случило во отоманскиот период. Останале само ѕидови во висина од еден метар до земјотресот во 1963 година, кога била срамнета со земја.[2] Но, крстот од камен и ѕидовите биле видливи и со години се правеле напори да се возобнови стариот храм. На местото на црквата се наоѓа малата црквичка, која била изградена привремено до урнатините, ама никогаш не била осветена и покрај тоа што мештаните тука ги правеле сите обреди.[2] На 17 јануари 2023 година бил посветен камен-темелник на нова градба на црквата.[2] На 11 август 2024 година била осветена новата црква Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia