Црквата се наоѓа во северниот дел на селото. Според натписот на јужниот ѕид, изграден е во 1842 г., што веројатно е обнова на постар храм срушен во задушувањето на Халкидичкото востание во 1821 г.[1]
Градбата претставува трикорабнабазилика со дрвен покрив, женска црква, полукружна апсида на исток, трем на запад и дел од јужната страна и четириводен покрив со ќерамиди. Ѕидаријата е од чакал и во неа се вградени керамопластични крстови и сполии од ранохристијански храм кој се наоѓал на истото место или во близина. На црквата се правени разни лоши интервенции, како затворање на западниот влез, отворање на прозорци на северниот ѕид и рушење на женската црква. Штети претрпел и североисточниот за време на земјотресот од 1978 г.[1]
Во внатрешнсота има вредни икони од XIX век, дела на мајстори од Галачишката и Кулакиската школа.[3][4] На иконостасот се зачувани оригиналните царски и апостолски икони. Во северниот кораб се чуваат скапоцени стари црковни садови, како и старопечатени книги. Храмот вкупно има 27 вредни икони, 12 црковни предмети и 3 старопечатени книги. Некои од иконите се од 1852 и 1853 г., а едно од евангелијата е од 1588 г.[5]
Во 1984 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][2]