Катедралната црква „Св. Стефан“ во Леригово.Црквата „Св. Бессребреници“ во Леригово.
Ерисовско-светогорска епархија
Ерисовската епископија е спомната за првпат на почетокот на IV век, кога царот Константин Велики, барајќи погодно место за изградба на Новиот Рим, го посетил регионот и се сретнал со епископот Макариј Ерисовско-стагирски (Ιερισσού και Σταγείρων). Епископијата била потчинета на Солунската митрополија до крајот на XIII век, кога е воздигната во митрополија.
во 1313 г. Света Гора станала ставропигија под непосредна управа на вселенскиот патријарх и епархијата била ограничена до североисточниот дел на Халкидик. По османлиското освојување, епархијата е снижена на епископија, потчинета на Солунската митрополија. Во XVII век епархиското седиште е преместено во Извор, а во XIX век во Леригово.
На 7 октомври 1924 г. епископијата е воздигната во Ерисовско-светогорска митрополија. Во 1940 г. кон неа е придодадена територијата на Ардамерската митрополија и така епархијата го добила името „Ерисовско-светогорско-ардамерска“.[2]
Печат на Ардамерската епископија со потпит на епископот Јоаким Струмбис.Почеток и крај на писмо од епископот Софрониј Ардамерски до митрополитот Софрониј II Солунски од 20 март 1891 г.
Ардамерската епископија се појавила во IX – X век како Еркулска (Ερκούλων) со седиште во Еркула или Еркулион, денешно Ардамери. Спомната е во житието на Константин Велики (Патмоски ракопис бр. 179) от IX – X век.[5] Во тактикон од 980 г. е спомната Ардамерска епископија како една од 11-те потчинети на Солунската митрополија, пред Ерисовско-светогорската и Литисјата и Рендинската.[6] Во 1638 г. нејзиното седуште е преместено во Галачишта и епископијата така станала Ардамерско-галачишка (Αρδαμερίου και Γαλατίστης).[7]
Во XIX век катедрална црква била „Св. Димитриј“ во Галачишта.[8] според сознание од 1839 г.[9]
Со тргањето на епископот Јоаким во февруари 1922 г., на 10, 12 и 13 декември 1922 г. Епархискиот синод на Солунската митрополија одржал седница и му го дал намесништвото на епархијата на ерисовско-светогорскиот епископ Сократ и решил да побара Вселенската патријаршија спојување на Ерисовско-светогорскатата со Ардамерската епископија. На 9 јануари 1923 г. Светиот синод го прифатил барањето. Меѓутоа, на 7 октомври 1924 г. епархијата е издигната во митрополија и истиот ден за митрополит е избран архиѓаконот Калиник Креацулис.[10]
Калиник дал оставка во февруари 1934 г. поради лошо здравје, а епархијата е одново ја презел Сократ Ерисовски.[10] На почетокот на ноември 1936 г. Светиот синод[10] решил да ја укине Ардамерско-галачишката митрополија и ја споил со соседната Касандриска, со исклучок на Загливерско, кое е припоено кон Солунската митрополија. По четири години во 1940 г. територијата на поранешната Ардамерска митрополија е придодаден кон Ерисовско-светогорската, поради што таа е преименувана во Светогорско-ерисовско-ардамерска.[2][11]
Име
Грчки
Години
Јован
Ιωάννης
2 август 943 г., како еркулски (’Ιωάννης ό όσιώτατος επίσκοπος Έρκούλων) во документ кој ја одредува границата меѓу светогорските монаси и ерисовци[6]
Илија
Ηλίας
зачуван е негов печат со натпис † Илија Ардамерски († Ήλίας Άρδαμερίων)[6]
Димитриј
Δημήτριος
1081
Теодосиј
Θεοδόσιος
1310, 1318
Григориј
Γρηγόριος
средината на XIV век
Филотеј
Φιλόθεος
1541
Јоасаф
Ιωάσαφ
1541
Акакиј
Ακάκιος
1544
Галактион
Γαλακτίων
1560
Матеј
Ματθαίος
1569
Игнатиј I
Ιγνάτιος
1580
Зосим
Ζωσιμάς
1611
Самуил
Σάμουήλ
1619
Мелетиј
Μελέτιος
пред 1638
Теофан
Θεοφάνης
1640, 1651, исто и намесник Ерисовски
Мелхиседек
Μελχισεδέκ
пред 1680
Антим
Άνθιμος
во 1677 г.
Теоклит
Θεόκλητος
во 1702, 1725
Анонимен
Aνώνυμος
спомнат на 19 декември 1738 г. во писмо на Јоаким II Солунски до поранешниот артенски митрополит Неофит II, монах на Света Гора[12]
Григориј
Γρηγόριος
спомнат околу 1767/1769 г.
Дионисиј
Διονύσιος
1797, од Андрос
Игнатиј II
Ιγνάτιος
1805 – 1821
Герасим
Γεράσιμος
во кондиката на Митилинската митрополија има сметка на митрополитот Калиник II Митилински, потпишана во јуни 1830 г. од неговиот наследник Порфириј и Герасим, патријаршиски егзарх Ардамерски[13]