Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лошница
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — преродбеничка црква во селото Лошница, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија. Црквата е сместена на сретселото и има три периода на изградба. Првиот е од околу 1650 г. Од тој храм преостануваат делови од резбаниот иконостас — десниот дел на таблатурата и други делови, резбан проскинитар, на кој стои вредната икона „Богородица Патеводителка“ и две-три мали преносливи икони. Црквата била 4 м во ширина и 5-6 м во должина.[1] Храмот е урнат и повторно изграден во 1761[2] или 1768 г.[1] според натписот на камен-темелникот. Неколку години подоцна, во 1775 г. е украсена со фин резбан иконостас и девет убави царски икони, дело на анонимни мајстори, владички прстол и проскинитар на Свети Ѓорѓи.[1] Овој храм бил широк и долг 6 м.[1] Околу 1880 г. е срушена и втората црква, и за кратко време до 1882 г. е подигнат нов величествен храм од мајстори од Жупан, а црковните предмети, иконостасот и мебелот од стариот храм се пренесени во него.[1] На 22 јули 1936 г. црквата делумно настрадала во пожар, но преживеале иконостасот, владичкиот престол, двата проскинитара и сите преносливи икони освен една.[1] Додека бил на чело на Костурската епархиха од 1931 до 1936 г. митрополитот Диодор Шишански ја префрлил парохијата во Шишанската епархија. На 24 февруари 1974 г. парохијата е вратена во Костурската епархија.[3] Живопис и икони
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia