Црква „Св. Ѓорѓи“ - Тројаци
Свети Ѓорѓи — црква во селото Тројаци.[1] Сместена е во јужниот дел од селото, во дол окружен со остатокот од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1838 година, а била живописана во 1850 година. Во 1892 година бил дограден отворен трем од западната страна.[2] Во црквата се вградени повеќе римски столбови и делови архитравни греди (сполии)[3] на кои веројатно претходно им се припишувало духовно значење. АрхитектураГрадбата на црквата претставува трикорабна базилика со полукружна апсида од надворешната и од внатрешната страна.[2] Дворот на црквата е ограден со камена ограда која има две влезни порти — една од западната и една од јужната страна. Камбанаријата се наоѓа од левата страна пред западната порта од дворот на црквата и таа има примитивен облик и се состои од метална конструкција со квадратна основа која е покриена со пирамидален лимен кров. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и трпезарија. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia