Тројаци се наоѓа во источниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, во близина на превојот Плетвар, од десната страна на регионалниот пат Прилеп-Кавадарци. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 600 м. Од градот Прилеп е оддалечено околу 20 км. Неговиот атар зафаќа површина од 19,7 км2.[3]
Историја
Подрачјето на Тројаци е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Ридот сместено на висорамнина од југоисточната страна на селото.[4]
Пролетта 1907 настанала борба помеѓу еден дел од четата на Петар Ацев, предводена од Стефан Шиндилов и аскерот. Четата била опколена во една пештера кај Тројаци при што загинале сите нејзини членови — 6 четници и 1 селанец.[5]
Стопанство
Селото има полјоделско-сточарска функција. Во селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 893 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 357 ха, а на шуми отпаѓаат 281 ха.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тројанци се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 42 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Селото броело 224 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 30 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци.[10] Од нив 4 биле мажи, а 7 жени.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници: Стојановци (1 к.) доселени се од селото Топлица , Кушовци (1 к.) доселени се од селото Беловодица.[15]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било седиште на истоимената Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1426 кое е сместено во приватна куќа.[16]