Црква „Св. Ѓорѓи“ - Цигарево
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква кај поранешното село Цигарево, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] Црквата била храм на Цигарево, сместено во југоисточните пазуви на планината Пајак над Гуменџе. Во 1947 г. Цигарево е напуштено. Во 1990 г. покрај црквата е основан манастирот „Св. Ѓорѓи и Пресв. Богородица Утешение“. Сè до изградбата на „Пресв. Богородица Утешение“ јужно од неа, „Св. Ѓорѓи“ имал улога на негова манастирска црква.[1] Според истражувачот Николаос Муцопулос, црквата веројатно е изградена во XIX век. Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида и мошне тесни кораби, поделени со по шест малтерисани дрвени столбови.[1] Внатрешнсота има димензии од 5,6 × 15,2 м.[2] На запад и југ црквата има трем со понизок покрив од главниот. Дрвените столбови на едноводниот покрив не одат до подот, туку се потпираат на низок парапет. Црквата има два влеза. Од запад има правоаголна дрвена која води до високиот нартекс кој се користи како женска црква. На јужниот ѕид има два, а на северниот еден мал правоаголен прозорец. Покривот на средишниот кораб е повисок од другите два.[1] Таваните на корабите се дрвени, резбани со ромбоидни мотиви, и во средината има табла со Христос Седржител. Оригиналниот иконостас е украден. По описот на Ахилејас Јоанидис, тој бил бил дрвен и насликан со прости цветни мотиви. Украдени се и повеќето оригинални икони. Од царските икони спасени се „Свети Јован Крстител“, „Свети Атанас“, „Свети Никола“ (датирана 1854 г.) и „Св. Петар и Павле“. самиот храм, на левата страна е зачувана фреска на Архангел Михаил од 3 април 1853 г. Фризот над царските икони има цветни украси, а над него се Дванаесетте празници и врз нив има распетие. Според Муцопулос, во храмот се застапени три ликовни стила. Првиот, наречен „народен“, покажува последни проблесоци на поствизантиското сликарство во османлиско време (насликаното во 1854 и 1855 г.); вторият покажува силни западни влијание (Дванаесетте празника, живописот во барабаните); третиот е наполно примитивен, дело на месните провинцијални работилници.[1] Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[2][4] ПоврзаноЛитература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia