Манастир „Св. Ѓорѓи и Пресв. Богородица Утешение“ - Цигарево
Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица Утешение (грчки: Ιερό Ησυχαστήριο Αγίου Γεωργίου και Παναγίας της Παραμυθίας στο Άνυδρο) — женски манастир кај поранешното село Цигарево, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] ГеографијаМанастирот се наоѓа во југоисточните пазуви на планината Пајак над Гуменџе, на неколку километри јужно од селото Рамна, на местото на некогашно Цигарево. Кон манастирот водат три пата — еден од Гуменџе преку Рамна, друг од Дамјан, а трет од Пилорик. Јужно од манастирот се гледаат урнатините од куќите на Цигарево.[1] ИсторијаМанастирот е основан во 1990 г. од монахињата Јована Хаѕика кај постоечката цигаревска црква „Св. Ѓорѓи“. Осветен е на 28 август 1991 г. од митрополитот Амвросиј Полјанско-кукушки. Во септември истата година прешла во новосоздадената Гуменџиско-бојмичко-ругуновска митрополија.[1] МоштиВо манастирот има мошти од Свети Рафаил, Света Олимпија, Апостол Филип, Света Петка, Петте Маченици (Евгениј, Евстратиј, Мардариј, Орест и Авксентиј), кожата на Свети Кирик, мошти на Света Катерина, Свети Јоаким Ватопедски, светци од манастирот Хозева, Витлеемските младенци, Свети Игнатик Метимниски, Свети Јован Колибар, Свети Методиј и Свети Ѓорѓи.[1] Цркви и параклисиМанастирската црква „Пресв. Богородица Утешение“ е храм со куполи од светогорски тип. Има резбан иконостас. Црквата е живописана од Христос Карапалис, а преносливите икони се дело на монахињите.[1] Северно од главната црква е малата македонска црква „Св. Ѓорѓи“, веројатно изградена во XIX век, која во прво време имала улога на главна црква на овој манастир.[1] На север од влезот е параклисот „Св. Архангели и св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“. Десно од плоштатчето е параклисот „Св. Никола и св. Пантелејмон“, а лево е параклисот „Св. Мироносци и св. Кипријан и Јустин“. Југоисточно од манастирската црква е малката црквичка „Св. Онуфриј“, а југозападно е параклисот „Св. Сава“. Десно надвор од главната манастирска порта е параклисот „Воскресение Христово и св. Харалампиј“, а лево е „Св. Лука Кримски“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia