Црква „Св. Јоаким Осоговски“ - Крива Паланка
Свети Јоаким Осоговски — главна манастирска црква на Осоговскиот манастир, сместен над градот Крива Паланка.[1] ИсторијаИзградена во периодот од 1847 до 1851 г. по иницијатива и лично вложување на жителите на Крива Паланка и околните села. Црквата претсатвува католикон на истоимениот манастир кој се наоѓа на околу 5 километри оддалеченост од Крива Паланка, во пазувите на Осоговските Планини.[2] АрхитектураМестоположбата на локацијата надвор од градот, а со тоа и подалеку од строгите османлиски регулативи, му овозможиле на архитектот Андреја Дамјанов да ја изгради својата прва петкуполна црква. Сите негови претходни градби биле обликувани базиликално, со или без слепи куполи, а покриени само со двоводни покриви (Кратово, Велес, Печењевац, Турековац, Штип), а со оваа црква отвора ново поглавје од своето творештво во кое доминираат трикорабни петкуполни градби (Смедерево, Чичево, Сараево, Мостар). Осоговската црква е прва од тоа поглавје, но во исто време многу специфична и различна од останатите.[2] Мајсторството и вештината на Дамјанов дошле до полн израз при осмислувањето и изградбата на овој објект. Тој успеал да извлече максимум од една тесна и стрмна локација и доста успешно на неа да ја смести големата црква.[2] ТипологијаВо основа, наосот претсатвува еден не многу издолжен правоаголник, поделен на три надолжни сегменти со два реда по три столба и според тоа навидум наликува на неговите трикорабни решенија. Тоа што е специфично е што столбовите меѓусебно и со обиколните ѕидови се поврзани со лакови и на тој начин целиот простор го делат на дванаесет травеи. Секој травеј е покриен со одделна купола и така е добиено дванаесеткуполно решение. Од нив, пет куполи се носени на високи осумстрани тамбури и се распоредени во форма на грчки крст, а останатите седум се слепи куполи кои делумно или воопшто не излегуваат над покривната површина.[2] Централниот корпус на објектот, наосот, е обиколен со тремови, но само од јужната и западнта страна. Според видливите почетоци на лакови и куполи, се претпоставува дека трем бил планиран и на северната страна, но никогаш не бил изведен најверојатно поради малата дистанца меѓу објектот и карпата на северната страна.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia