Црква „Св. Јоаким Осоговски“ - Софилари

Свети Јоаким Осоговски

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Осма приградска
Местоположба

Карта

Координати 41°42′40.6″N 22°8′5.4″E / 41.711278°N 22.134833°E / 41.711278; 22.134833
Место Софилари
Општина Штип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Јоаким Осоговски
Архитектонски опис

Свети Јоаким Осоговски — главна селска црква во штипското село Софилари, Македонија.

Црквата во 2024 година била уште во изградба.

Местоположба

Црквата се наоѓа на крајот од селото, во близина на реката Брегалница, зад некогашната задруга „Братство“.

Историја

Црквата започнал да ја гради иселеникот Аце Ангелов во 2017 година на место за кое се сметало дека некогаш имало црковен објект, но истиот бил запален и срушен до темел. Од тој објект останале стари камења и брестови стари над 500 години.[1]

Традиционален црковен собор

Во чест на светителот и заштитникот Св. Јоаким Осоговски, во селото Софилари секоја година, откако е започната изградбата на црквата се одржува собор, кој се одржува на 28 август навечер и 29 август наутро.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „ГРАДЕЖНИКОТ АЦЕ АНГЕЛОВ ТРИПАТИ ГОДИШНО ДОАЃА ОД ИТАЛИЈА ЗА ДА ГРАДИ ЦРКВА ВО РОДНОТО СЕЛО СОФИЛАРИ КАЈ ШТИП, СО НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ СЕ ВРАТАТ ИСЕЛЕНИТЕ СОСЕЛАНИ“. Сакам Да Кажам. 2024-09-22. Посетено на 2025-03-02.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya