Софилари

Софилари

Воздушен поглед на Софилари

Софилари во рамките на Македонија
Софилари
Местоположба на Софилари во Македонија
Софилари на карта

Карта

Координати 41°42′33″N 22°08′12″E / 41.70917°N 22.13667°E / 41.70917; 22.13667
Регион  Источен
Општина  Штип
Население 7 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30053
Надм. вис. 250 м
Софилари на општинската карта

Атарот на Софилари во рамките на општината
Софилари на Ризницата

Софилари — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во средишниот дел на Општина Штип, непосредно до реката Брегалница, од нејзината лева страна.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 250 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 6 километри.[2]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2433, кој пак започнува од регионалниот пат 1204 (Штип-Радовиш).[2]

Историја

Подрачјето на Софилари било населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат остатоци на повеќе наоѓалишта, сместени во близина на селото.[3]

Стопанство

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 6,3 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 306 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 195 хектари и на шумите 63 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во минатото, во него имало земјоделска задруга „Братство“ и продавница.[2]

Речни острови во реката Брегалница кај Софилари

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948179—    
1953250+39.7%
1961273+9.2%
1971234−14.3%
1981130−44.4%
ГодинаНас.±%
199188−32.3%
199459−33.0%
200233−44.1%
20217−78.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селце живееле 45 жители, сите Македонци.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Софилари имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[6]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 273 жители, од кои 146 биле Власи, а 119 биле Македонци. Во 1994 година бројот се намалил на 59 жители, од кои 33 биле Македонци, а 26 жители Власи.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 33 жители, од кои 21 Македонец и 12 Власи.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 6 Македонци и 1 Влав.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Софилари:

Година Македонци Албанци Турци Власи Срби Ост. Вкупно
1948 179
1953 88 0 0 162 0 0 250
1961 119 2 2 4 146 273
1971 113 6 0 0 115 234
1981 62 11 0 56 0 1 130
1991 43 1 0 43 1 0 88
1994 33 0 0 26 0 27 59
2002 21 0 0 12 0 0 33
2021 6 0 0 1 0 0 7

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Софилари било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Драгоево, во која покрај селото Софилари се наоѓале селата Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Пенуш, Селце, Скандалци, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Сејдели, Хаџи Хамзали и Црешка. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Драгоево, во која влегувале селата Драгоево, Пенуш, Селце, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Хамзали и Црешка.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2291 според Државната изборна комисија, сместено во приватна куќа.[8] Истото било затворено во 2024 година.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[9] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[3]
  • Поле — населба од доцноантичкото време;
  • Црквиште — вила рустика од доцноантичкото време.
Цркви

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 280. Посетено на 2 март 2025.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 440. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
  5. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 март 2025.
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 2 март 2025.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya