Црква „Св. Јован Богослов“ - Вержани
Свети Јован Богослов (грчки: Αγίου Ιωάννου Θεολόγου) — црква во селото Вержани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1] Црквата е изградена во 1930 г. од грчките доселеници од Мала Азија во селото. Осветена е на 7 мај 1950 г. од митрополитот Константин Серско-нигритски. Градбата претставува крстокуполен храм, кој наликува на изгорената митрополска црква во Бурса. Ова е одразено на ктиторскиот натпис на западниот ѕид на храмт: „ΠΑΡΘΕΝΕΥΩΝ ΕΙΣΕΛΘΕΤΟΝ ΝΟΥΝ ΕΝΘΑΔΕ ΝΑΟΣ ΓΑΡ ΕΣΤΙΝ ΙΩΑΝΝΟΥ ΠΑΡΘΕΝΟΥ ΕΚΤΟΥ ΚΑΤΑΣΤΡΑΦΕΝΤΟΣ ΙΕΡΟΥ ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΙΚΟΥ ΝΑΟΥ ΠΡΟΥΣΗΣ“. Подоцна е додадена и женска црква. Во 1940 - 1945 г. храмот е живописан. Во 2002 г. фреските се исчистени и подновени.[1] Во парохијата влегува и црквата „Св. Петка“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia