Вержани
Вержани[2](грчки: Ψυχικό, Психико)[3] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 13 километри југоисточно од градот Сер и на 16 километри јужно од Довишта, на надморска височина од 7 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 160 Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 300 Македонци[4][6]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци[4][7]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 85 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 123 жители[8]. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1930 година, селото било преименувано во Психикон[9]. ДемографијаВо 1928 година селото броело 755 жители, додека во 1940 година селото броело 835 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 1047 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1333 жители, во 1971 година имало 1001 жител, во 1981 година имало 1005 жители, додека во 1991 година имало 985 жители.[8] Денеска, населението на селото е 866 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia