Црква „Св. Јован Богослов“ - Слепче
Св. Јован Богослов (понекогаш Св. Јован Претеча) — црква кај демирхисарското село Лесково. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1] Црквата е изградена во XVII век, сместена недалеку над Слепченскиот манастир. Меѓу народот е позната и како Св. Никола.[2] Ова е мала еднокорабна градба покриена со полукружен свод. На исток има петстрана апсида. На северната и јужната страна одвнатре има потпорни пиластри кои образуваат полукружни ниши. Ѕидаријата е од кршен камен, а фасадите се фугирани. Покривот е направен со турски (ѓупски) ќерамиди, а оној на апсидата е од камени плочки. Подот е под нивото на теренот и е цементиран. Над западниот влез има засводена полукружна ниша со претстава на Јован Богослов, а во најзиниот долен дел стои натпис со годината 1627,[3] што веројатно се однесува на живописувањето,[4] а спомнат е и монахот Герасим.[3] Фреските веројатно се дело на мајстори од Линотопската школа.[4] Од сцените се издвојуваат композициите „Дејсис“ „Успение Богородично“, „Свети Лука го слика ликот на Пресвета Богородица со Христос“, како и иконата „Богородица Трирачица“ од 1627 г.[2] Иконостасот е дрвен, а големиот крст веројатно е од XVI век.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia