Слепче се наоѓа во областа Железник, на 2 километри западно од градот Демир Хисар, а десно од патот Кичево - Демир Хисар, на 680 м. над. вис.[2] Сместено е во источните падини на Илиница. Земјиштето на Слепче е 24,5 км2, од кои шумите заземаат површина од 1737 ха или поголемиот дел од земјиштето, обработлива површина заземаат 365 ха, а пасиштата 367 ха.[3].
Во март 2013 г. во објектот на Домот на културата рускиот производител за балетска опрема „Гришко“ отвори работен погон со капацитет од 60 вработени. „Гришко“ произведува чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности, a производите ги има во над 60 земји на повеќе континенти.[5] Во 2020 година Фабриката за балетска опрема „Гришко“ престана да работи.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
1.143
—
1953
1.108
−3.1%
1961
1.099
−0.8%
1971
1.078
−1.9%
1981
1.031
−4.4%
Година
Нас.
±%
1991
914
−11.3%
1994
791
−13.5%
2002
719
−9.1%
2021
555
−22.8%
Според турските пописни дефтери од 1467/68 г. во Слепче живееле 66 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, а сто години подоцна, во 1568 г. имало 103 христијански и едно муслиманско семејство.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слепче се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, во селото Слепче живеат 793 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 555 жители, од кои 528 Македонци, 3 останати и 24 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Староседелци:Пирковци (8 к.); Зенговци со Бошевци (6 к.); Дамчевци со Јошковци (2 к.); Коруновци (8 к.); Балуловци (11 к.); Муловци (7 к.); Ѕинговци (3 к.); Ѓоршовци (5 к.); Прпушковци (5 к.); Шиклевци со Дамчевци (5 к.); Лешниковци со Алексовци (2 к.); Неделковци (4 к.); Дувчевци (6 к.); Пупунчевци со Танчевци (2 к.); Ашковци (4 к.); Печенпетеловци со Марковци и Клепачовци (6 к.); Чадевци (3 к.); Матлијовци (3 к.); Калевци со Калешѓоргијовци (4 к.); Риловци (1 к.); Прпорчевци (1 к.); Лутовци (4 к.); Бутковци со Чорбевци (9 к.); Гугучевци со Мазевци (7 к.); Наловци (11 к.); Шишковци (2 к.); Мирчевци (3 к.); Карабатковци (3 к.); Каревци (15 к.); Лукарчевци со Симоновци и Цапановци (6 к.); Стретковци со Страшовци (5 к.), Гаџовски
Доселеници:Зајаковци (4 к.) доселени се од селото Мренога. Го знаат следното родословие: Никола (жив на 60 г. во 1952 година) Тале-Кочо, кој се доселил; Цвичковци (1 к.) доселени се однекаде; Поповци (4 к.) со Кусановци (2 к.) доселени се од околината на Гнилане во Косово. Го знаат следното родословие: Коле (жив на 60 г. во 1952 година) Даме-Стојче-Нико-Трене-Стефан-Јован, кој се доселил; Мијајлевци со Сиџимовци, Теновци и Палабурун (8 к.) доселени се од селото Загориче; Прпорчевци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Сладуево; Димчевци (3 к.) доселени се од селото Радово, каде имаат роднини. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 60 г. во 1952 година) Никола-Димче, кој се доселил; Кочовци (1 к.) доселени се од селото Железнец; Цветковци (1 к.) доселени се од селото Граиште; Геговци (3 к.) доселени се од селото Лесково.[16]
Селото има дом на културата, изграден во 1988 година и споменик на загинатите за слободата на Македонија. Над селото се наоѓа еден од најголемите средновековни книжевно-уметнички центри - Слепчанскиот манастир посветен на Свети Јован Претеча.
Сретселото е реновирано и уредено, претворено во плоштад, наречен „Цар Самуил“.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 635 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[18]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 22,022,122,2Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 23,023,1Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 24,024,124,224,324,4Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 25,025,125,2Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.