Свети Јован Крстител (во народот позната и како Маркова Меана) е мала средновековна христијанска црква, на самиот јужен излез од градот Велес, во дворот на крзнарата и фабрика за обувки „Димко Митрев“. Изградена е на карпа веднаш над самиот десен брег на реката Вардар, на стотина метри јужно од вливот на реката Тополка во Вардар и на околу стотина метри северно од познатиот средновековен манастир Свети Димитриј[1]. Не постојат податоци кога е црквата изградена и живописана, но според црковните запсиси се претпоставува дека таа мошне стара, ако не и најстарата црква во градот, од византиско време, изградена за потребите на населението од стариот средновековен Велес, кои живелo на Калето[1], чии остатоци од ѕидините се наоѓаат недалеку на блискиот рид. Сепак врз основа на градбата од кршен и делкан камен, и еднокорабниот изглед, може да се претпостави и заклучи дека црквата потекнува од средновековниот период односно од XIII или XIV век. Името Маркова меана се поврзува со народното верување дека тука доаѓал, јадел и пиел Крале Марко, што наведува на времето кога таа е изградена[1]. До храмот бил изграден мост кој го спојувал населението од Калето со Пазарот. Црквата најмногу е оштетена при изградбата на пругата Солун - Велес кон крајот на 19 век[1]. Во неа биле сместени мајстори, кои многу ја уништиле внатрешноста. Нејзината повшина е околу 16 м2 а висината 6 метри[1]. Денес во неа не е зачуван фрескоживописот, а од стариот иконостас е зачуван само еден дел. Црквата е најпосетувана за време на патрониот празник Свети Јован Крстител (20.01) кога се раздава вечера од јагнешко месо и варен ориз[2], како и на 11 септември, денот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител.
Галерија
Наводи
Цркви во Велес |
---|
|  | | |
---|
| |
|