Црква „Св. Јован Претеча“ - Субашќој
Свети Јован Претеча (грчки: Τίμιου Προδρόμου) — црква во селото Субашќој, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1] ИсторијаЦрквата е наречена и Мал Претеча (Προδρομούδι, Продромуди) за да се разликува од Серскиот манастир „Св. Јован Претеча“. Изградена е во јужниот дел на селото во 1891 г. врз постар храм. За време на изградбата откриени се темелите на стара црква во виантиски стил, мермерни парчиња и плочи од подот и архитектонски елементи. Таа првобитна црква била изгорена. На мермерниот натпис во црквата се вели дека храмот е обновен откако на Евангелос Атанасиу Гредис во 1883 г. му се сонило дека треба да го направи. Црквата настрадала за време на бугарската окупација зимата 1916-17 г. кога турски војници во сојуз со Бугарите ги изгориле дрвенаријата и иконите. Во 1924 г. црквата е обновена по иницијатива на Андонис Маркопулос. Подоцна е додаден нартекс, а во 2001 г. храмот е живописан. Во 1981 г. тука се преместени селските гробишта. Иконата на Свети Ѓорѓи од XVIII век е префрлена во парохискиот храм „Успение на пресв. Богородица“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia