Црква „Св. Антониј Нов“ - Бер
Свети Антониј Нов (грчки: Ἁγίου Ἀντωνίου τοῦ Νέου) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] ![]() Во 1860 г. храмот „Пресв. Богородица Камарска“ изгорел во пожар. Во јули истата година митрополитот Теоклит Берско-негушки почнал иградба на храм, посветен на Свети Антониј Нов, покровител на Бер. На 4 февруари 1898 г. и оваа црква изгорела во пожар. Храмот е обновен со ктиторството на Евдоксија Малакусти.[1] Дело е на истакнатиот архитект Ксенофон Пеонидис.[2] Осветен е на 12 септември 1904 г. од митрополитот Константиј Берско-негушки. Претставува трикорабна базилика со припрата и трем. Подоцна од запад се доградени две големи кули.[1] Во црквата има резби (вон иконостасот) на дебарските мајстори Нестор и Лазар Мирчевски.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia