Црква „Св. Атанасиј“ - Алистратик
Свети Атанасиј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου Αλιστράτης) — црква во селото Алистратик, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата претставува трикорабна базилика со двоводен покрив и понов нартекс. Точната година на изградба не е позната, но по архитектонските особености се датира во XIX век. Над главниот влез од надворешната страна има натпис кој вели дека новиот кат е изграден во 1893 г. и го дава името на дарителот. На исток излегува само средишната ниша на апсидата на жртвеникот. Женската црква го опфаќа западниот дел на храмот. Иконостасот е од XIX век и не е резбан. Од истиот период се иконите, царските двери, амвонот, киворот на чесната трпеза и големите резбани проскинитари. Во северозападниот агол на црквата има крстилница. На северозапад од црквата има монументална камена камбанарија. „Св. Атанасиј“ била катедрала на Драмско-филипско-зихненската митрополија од 1753 г., па сè до потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт во 1912 г. кога седиштето е преместено во Драма.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia