Зихненската епископија е основана во IX век. Спомената е во документ на царот Лав VI Мудриот од IX век. Поради географсата положба била потчинета ту на Серската митрополија, ту на Филипската. Спомената е како архиепископија во соопштение на царот Андроник II Палеолог на 37-мото место меѓу архиепископиите на Цариградската патријаршија.[1] Во април 1329 г. по заповед на царот Андроник III Палеолог патријархот Исаија ја издигнал во митрополија.[2][3] За да биде обесштетена Серската митрополија на која ѝ припаѓала епархијата, кон неа е придодадена Неврокопската епископија одземена од Филипската митрополија. Прв митриполит станал дотогашниот епископ Јоаким Зихненски, основач на Серскиот манастир.[2]
Во јули 1655 г. патријархот Јоаникиј II ја укинал Неврокопската епархија и ја споил со Зихненската. Во 1663 г. 70 села ја напуштиле епархијата и истата е споена со Драмско-филипската епархија, која го добила името Филипско-драмско-зихненско-неврокопска митрополија.[4][5]
Неврокопската епархија е одделена од Филипско-драмско-зихненско-неврокопската во 1882 г. за време на патријархот Јоаким III и создадена е Неврокопско-разлошката архиепископија (Αρχιεπισκοπή Νευροκόπου και Ρασλοκίου).[4][6] Во 1888 г. архиепископијата е издигната во митрополија.[4]
Во 1924 г. од Филипско-драмско-зихненската митрополија е одвоена Зихненската епархија.[5] Во 1951 г. Неврокопската митрополија е придодадена кон Зихненската. Од 2003 г. епархијата ја возглавува митрополитот Јеротеј.[7]
↑Сава, Епископ Шумадијски (1996). Српски јерарси од деветог до двадесетог века. Евро Београд, Унирекс Подгорица, Каленић Крагујевац. стр. 458. Архивирано од изворникот на 2013-02-11. Посетено на 3 февруари 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
↑Crusius, Martin (1584). Turcograecia. Basileae. стр. 172.
↑„Αναγνώρισις συστάσεως Ενοριών και Ιερών Μονών της Ιεράς Μητροπόλεως Ζιχνών και Νευροκοπίου συμφώνως προς το άρθρον 25 του Ν. 4301/2014“. Εφημερίς της Κυβερνήσεως της Ελληνικής Δημοκρατίας (Τεύχος Δεύτερο) (2575). 2015. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)