Црква „Св. Атанасиј“ - Богданци
Свети Атанасиј — главна црква во Богданци и седиште на Богданската парохија.[1] МестоположбаЦрквата е сместена во центарот на градот Богданци. ИсторијаПрвичната црква била изградена во првата половина на XIX век, која низ историјата била неколкупати обновувана, главно, со парични прилози на месното христијанско православно население.[2] ПожарЦрквата била оштетена во пожар, кој ја зафатил утрото на 26 декември 2014 година. Во пожарот била зафатена внатрешноста на самата црква и кровот, додека иконите биле спасени благодарение на свештениците и месното население. При гаснењето на пожарот учествувале противпожарни возила од Гевгелија, месното население, но и ученици од гимназијата во непосредна близина на храмот.[3] На 20 јануари 2015 година бил осветен камен-темелник на новата црква, која се гради на местото на опожарената. Новата црква се гради по проект на архитектот Благој Здравев од Штип, којшто веќе подготвениот проект го донирал на епархијата за побрза изградба на новата црква, а градежните дејства ги извршува претпријатието ГЕ-ГЕ Професионал од Богданци. Црквата се гради со средства од Повардарската епархија, како и со доброволни прилози на верниците.[4] АрхитектураГрадбата на црквата е трикорабна, а нејзините сводови се покриени со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува страничните. Покривната конструкција е изградена на две води.[2] Во 1983/84 година била изградена нова камбанарија со градски часовник во нејзиниот горен дел, а во 1986/87 била изградена и крштилница, осветена со благослов на тогашниот поглавар на МПЦ г.г. Гаврил.[2] Чесниот престол во црквата е дело на копаничарот Ѓорѓи Караџовски.[5] ФрескоживописВнатрешноста на црквата е делумно живописана, што е најзабележително во горните делови од средишниот кораб, чии фрески потекнуваат од XIX век.[2] Икони и иконостасИконостасот е со стари царски двери, изработени во резба со мотиви од растителен и животински свет, како и стари икони кои потекнуваат од XIX век.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia