Општина Богданци
![]() ![]() Општина Богданци — општина во југоисточна Македонија. Центар на општината е градот Богданци. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 8.707 жители. ГеографијаТериторијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Република Македонија, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција. Територијата на општината зафаќа простор од 114 км2 и според површината се вбројува во помалите општини во Македонија, но со оглед на тоа дека е добро населена – просечната густина на населеноста изнесува 78 жители на еден км2 – таа има најголема просечна густина на населеност од сите општини во јужниот дел од земјата. Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково, Селемли и Ѓавато. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри. Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ха. Од неа на обработливо земјиште се паѓаат 4.110 ха или 38,6%. Во општината има поволни услови за полјоделство, а особено за раноградинарство. ИсторијаОпштина Богданци во сегашните граници е формирана со новата територијалната поделба од 1996 година. Пред оваа поделба општина Богданци од 1965 година и припаѓала на општина Гевгелија. Инаку општина Богданци пред присоединувањето кон општина Гевгелија постоела како општина од 1955 година. Во тогашната општина освен Богданци, како седиште на општината влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавато, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз.[2] Денес општина Богданци се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавато. На нејзината територија се наоѓале и некогашните села Болован, Паљурци и Побрегово. ДемографијаВрз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 7.339 жители, 2.611 домаќинства и 3.048 станови.[3] Етничка припадност
Вероисповед
Мајчин јазик
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци. Населени места
СтопанствоОпштествени установи
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Богданци е Блаже Шапов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Богданци е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 7 места ВМРО-ДПМНЕ: 4 места Во рамките на општината, односно нејзината администрација, делуваат следниве одделенија[5]:
Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиИстакнати личности по потекло од Општина Богданци се:
Култура и спорт
РК Младост Богданци сега е член на Првата машка лига (втора по ранг) Во РК Младост својта кариера ја има почнато Мите Стоилов кој долги години градеше интернационална карира надвор од Македонија а исто така 15 години беше е сениорски репрезентативец на Македонија.
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia