Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиште
Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиште — православна црква во мариовското село Витолиште. Претставува главна селска црква во селото и се наоѓа на самото сретсело. Како селска слава на селото е земен светецот Свети Атанасиј по кој е именувана и самата црква. Обичаи во црквата
Специфичен настан поврзан со црквата е прославата на православниот празник Водици. Имено на тој ден селаните се собираат сретсело каде што се наоѓа црквата. Секој зема по една икона и сите заедно вртат три круга во дворот на црквата, кажувајќи молитви. Потоа сите заедно одат кај реката Краваштина каде што се фрла крстот. Отакако најсреќниот ќе го фати крстот, тој шета низ селото и луѓето го даруваат со мед, сирење, ракија и со слатки. Во водата каде што бил фрлен крстот се мијат иконите и се враќаат назад во црквата. Истиот ден се избира новиот кум за в година, а потоа се одбираат 10 луѓе наречени Шкуртари. Кај секој од нив се оди дома, сè додека не се стигне до последниот каде што се служи вечера[1].
За време на некоја венчавка, невестата на денот на самиот ден била носена во црква од страна на жените. Откако ќе кажела неколку молитви, таа, според обичајот, морала да оди на влезот од селото каде што има кладенец пред кој невестите гувееле. Затоа и кладенецот се нерекувал гувелник. Тоа го правеле за да бидат послушни пред да влезат во домот на свекорот и свекрвата.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
41°10′49″N 21°49′34″E / 41.18028°N 21.82611°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia