Селото Мало Коњари е рамничарско село, сместено во Прилепско Поле. Селото се наоѓа западно од градот Прилеп. Покрај селото поминува регионалниот пат Р1306 (Прилеп — Крушево — Сладуево).
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мало Коњаре се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Мало Коњари брои 727 жители, од кои 723 Македонци, 2 Срби и 2 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 618 жители, од кои 576 Македонци, 2 Албанци, 3 останати и 37 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
Доселеници:Анѓелевци (10 к.) порано се викале Кусеви. Доселени се од некое место во албанското приморје. Во Прилепско се населиле три семејства. Едното во Мало Коњари, другото во Кадино Село (Јовевци), а третото во селото Свето Митрани (Коларовци). Анѓелевци Го знаат следното родословие: Алекса (жив на 24 г. во 1954 година) Никола-Димо-Петре-Наум, се доселил таткото или дедото на Наум; Тикварци (15 к.) се викаат и Кукиновци. Доселени се после првиот род од некое место во Тиквеш; Караиловци (18 к.) основачот на родот се викал Кара Илија. Кон крајот на XVIII век се доселил со неговата жена како орач од Ерменија. Затоа ги викаат и Ерменковци. Го знаат следното родословие: Богоја (жив на 71 г. во 1954 година) Јован-Мирче-Коте-Кара Илија, кој се доселил во селото; Галевци (5 к.) доселени се од селото Свиништа во Охридско; Каравеловци (6 к.) доселени се од селото Ерековци. Го знаат следното родословие: Боге (жив на 58 г. во 1954 година) Ордан-Нешко-Веле, кој се доселил во селото; Бабановци (9 к.) доселени се од селото Новоселани во Битолско. И таму биле доселени однекаде; Настевци (8 к.) доселени се од Брод во Порече; Прдешковци (5 к.) доселени се од селото Чепигово; Врбјанци (2 к.) доселени се од селото Врбјани. Таму припаѓале на родот Јефтинџиовци, подалечно потекло од селото Кореница; Мисирковци (3 к.) доселени се од селото Боротино; Барлевци (5 к.) доселени се од селото Галичани. Имаат роднини во Галичани и Боротино. А некое време живееле и во селото Кадино Село; Аџијовци (7 к.) доселени се од некое село во Порече; Трајковци (3 к.) доселени се во 1912 година од селото Беровци; Бегалиновци (2 к.) доселени се од селото Големо Коњари; Шеровци (2 к.) доселени се однекаде.[12]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1447 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“