Црква „Св. Атанасиј“ - Враништа
Свети Атанасиј — црква во селото Враништа. Сместена е во југозападниот дел од селото, на пространа тревна површина.[1] ИсторијаХрамот првично бил од мали димензии, но бил срушен за да биде изграден храм со поголеми димензии. На 4 август 2018 година, бил поставен камен темелник на новата градба.[2] Согласно мај 2023 година, црквата е уште во изградба во нејзиниот внатрешен дел.[3] Архитектура![]() Старата градба на црквата била со правоаголна основа и апсида во задниот дел. Влезот бил сместен на западната страна и до внатрешноста води метална врата на која имало метален ков со името на црквата. Внатрешноста на црквата не била зографисана. Ѕидовите од внатрешната страна биле покриени со ламперија, а во олтарот имало слики на светци и икони, меѓу кои средишно место заземало онаа на патронот Атанасиј Александриски. Црквата била изградена од камен со дрвен калкан истакнат нанадвор од предната страна. Покриена била со кров од ќерамиди, додека апсидата била покриена со лимен покрив. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia