Црква „Св. Атанасиј“ - Дреновци
Свети Атанасиј — манастирска црква на Дреновечкиот манастир.[1] ИсторијаСпоред своите димензии, архитектурниот стил и живописот, црквата се проценува дека била изградена во XVII век.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и се одликува по тоа што олтарскиот простор во источниот дел претставува засебен дел со помали димензии и има мала полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна на храмот е прилепена камбанаријата којашто има квадратна основа и во горниот дел има по една монофора на секоја страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на Атанасиј Александриски. На надворшениот ѕид од засебниот олтарски простор има ниша со фреска во лоша состојба. Внатрешноста на црквата е живописана, а иконостасот е богат со икони и слики. Остатоци од првобитниот живопис единсвено се среќаваат во олтарскиот простор.[2] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia