Дреновци, се среќава и како Дреновче или Дреновец — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба
Поглед на Дреновци од врвот Љута на Бабуна, над селото
Дреновци се наоѓа под јужните огранки на планината Бабуна, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Околни села се: Небрегово, Дупјачани и Десово. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 770 м. Неговиот атар зафаќа површина од 12,4 км2. Од Прилеп е оддалечено 22 км.[2]
Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 580,1 ха, пасиштата заземаат површина од 306,1 ха, а на шуми отпаѓаат 36,2 ха.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреновци се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 97 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, во селото живеел 231 жител, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 235 жители, од кои 222 Македонци, 3 Албанци и 10 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Дреновци е македонско православно село, родовите во селото се доселени од некои разни места.
Родови во Дреновци се:
Доселеници:Чафкаровци (14 куќи), Пискуљевци (11 куќи), Шаторовци (8 куќи), Петковци (13 куќи) и Карчовци (6 куќи) доселени се од некое раселено село на планината Мукос. Во Чафкаровци го знаат следното родословие: Милан (жив на 80 г. во 1951 година) Никола-Мишко-Атанас-Петре-Марко кој се доселил, тоа било во ХVIII век; Дамјановци (8 куќи), Бакаловци (8 куќи), Јанкуловци (7 куќи) и Базерковци (5 куќи) доселени се однекаде; Грнчаровци (13 куќи) доселени се од местото Грнчаров Дол во атарот на селото Дреновци; Шаламановци (4 куќи) доселени се од некое село во Дебарско; Филиповци (4 куќи) потекнуваат од домазет, кој дошол од некое место во околината на Белград во Албанија; Вецевци (8 куќи) доселени се од селото Крапа, Порече; Тилко (1 куќа) доселени се од селото Ропотово.[16]
Во селото е активен фудбалскиот клуб Мукос, основан во 1976 година.[22]
Иселеништво
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Прчковци иселени се во Горно Село. Ментевци иселени се во Забрчани. Тошевци иселени се во Десово. Бучковци иселени се во Дупјачани. Карловци иселени се во селото Луковица во скопско/Тетовско, од нив пет семејства по 1946 година се иселиле во тетовското село Брвеница. Други иселеници има во Прилеп и Скопје. Како и во местото Таково во Шумадија.[16]
Личности
Родени во Дреновци
Крсто Наумов (1805 - 1905) — македонски револуционер;
Харалампи Ганешов (? - 1907) — четник на ВМОРО убиен во месноста Бирира.[23]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN9989649286.
↑ 21,021,1Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN978-608-65143-2-7.