Црква „Св. Атанасиј“ - Каваларци
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Каваларци, Лагадина, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото, и сè до изградбата на „Св. Нектариј“ била парохиска. Подигната е во 1850 г. според камениот натпис вграден во јужниот ѕид.[1][2] Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив[1] и полукружна апсида на исток.[2] Има димензии од 12,75 × 19,25 м.[2] На запад и југ има трем[1] од почетокот на XX век.[2] Храмот е изграден на блатно место, и претрпел разни статички неповолни интервенции. Украсите во внатрешноста се во лоша состојба. На новиот иконостас има неколку икони од стариот дрвен иконостас, а останатите икони се во жртвеникот. Во храмот има вкупно 69 вредни преносливи икони, една хоругва за поворки, 8 литургиски предмети и 31 старопечатени книги. Иконите се од 1856, 1857, 1865 и 1872 г. и дел од нив се дело на мајсторот Ставракис Маргаритис од погрченото солунско село Кулакија. Книгите датираат од 1843, 1852, 1902 г., меѓу кои е евангелие со сребрена опкова.[3] Во жртвеникот и на јужниот ѕид на наосот има остатоци од фрески, веројатно од почетокот на XX век.[2] Во 1997 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia