Каваларци
Каваларци (грчки: Καβαλλάρι, Кавалари, до 1927 г. Καβαλάρ, Кавалар[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.575 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 6 километри југозападно од градот Лагадина во Лагадинското поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 75 метри. ИсторијаВо XIX век Каваларци е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 54 семејства со 243 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Македонци и 200 Турци[3][5]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[3][6]. Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 284 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 389 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Калохорион.[8] НаселениеВо 1928 година селото броело 368 жители.[9], додека во 1940 година селото броело 1008 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1125 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1240 жители, во 1971 година имало 1210 жители, во 1981 година имало 1375 жители, додека во 1991 година имало 1518 жители[10]. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia