Црква „Св. Атанасиј“ - Крива
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Крива, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е гробишен и парохиски храм на селото, сместен во неговиот северен крај. Изградена е во 1801 г. и претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од 13,30 × 25,85 м. Во 1837 г. црквата е проширена со доградбата на припрата на запад, галерија во облик на буквата П, како и трем на запад и југ. Трите кораби на наосот се одвоени со осум пара столбови. Олтарот е поликонхален, но само апсидата на жртвеникот излегува од источниот ѕид. Влезот во наосот е од југ, а тој од запад води во галеријата. Во југозападниот агол е изградена камбанарија.[1] Ктиторскиот натпис гласи:
Во западниот дел на надворешниот ѕид има зачувана фреска. Внатре таваните се обоени со силни бои и имаат геометриски форми. Предниците на лаковите во наосот се насликани сцени од животот на Христос. Забележителни се дрвените резбани и насликани елементи — иконостасот, владичкиот престол, амвонот, и олтарот, насликани со цветни украси.[1] На црквата во 1832 г. работел зографот Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија.[3] Во храмот има икони од син му Атанасијиос Маргаритис.[4] Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][5]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia