На 1.300 м југоисточно од селото при уредување на дворот на црквата „Св. Антониј“ откриена е античка населба со површинска керамика. Наоѓалиштето во 1996 г. е прогласено за заштитен споменик на културата.[4]
Во Отоманското Царство
Црквата „Св. Атанасиј“
Според преданијата на стари мештани, селото е основано на крајот края од XV или почетокот на XVI век. Околу најстарото Горно Маало (Горна Мала) никнале нови маала, подигнати од мештаните и од преселници од југозападна Егејска Македонија. Разликите во говорот на одделните маал се чувствувале сè до почетокот на XX век.[5] Црквата „Св. Атанасиј“ („Св. Атанас“) е од 1801 г.[6]
Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Крива (Κρίβα) било село со 170 христијански семејства.[8]
Селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.[9]
По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во која се оплакуваат на 10-те патријаршиски (гркомански) семејства кои ги узурпирале училиштето и црквата на целото село, лишувајќи 230 егзархистички семејства од образование и духовен живот.[14]
Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Крива имало бугарски учител назначен од Егзархијата, но властите не дозволиле отворање на училиштето поради статуквото.[15]
Есента на 1910 г. војводата Апостол Петков, повторно нелегален, влегол во Крива и одржил јавен говор. Поради тоа на 26 септември во селото се уапсени 80 лица.[16]
По податиц на Егзархијата во 1910 г. Крива имала 224 семејства сочинети од 962 жители Македонци и една црква.[10][17]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Крива пред Балканските војни имала 155 куќи на Македонци христијани.[19]
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. 27 лица од Крива станале доброволци во МОО.[20] Една недела пред почетокот на војната во Крива се одржувало реонско советување на раководтелите на ВМОРО на чело со Ичко Димитров. По предавство од гркоманите, селото било обиколено и во него три дена се водела битка, во која Турците користеле планинска артилерија. Четата се повлекла без загуби, но целата Крива била запалена.[21]
Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Крива (Κρίβα) се води како село со 1.049 жители (545 мажи и 504 жени).[8]
Во 1914 г. кај селото е изградена црквата „Св. Илија“.[8]
Веднаш по војните дел од жителите се преселиле во Бугарија поради притосоците кои ги вршела грчката држава врз ова село, активно во преродбеничката дејност и револуционерната борба. Ликвидирани се 94 имоти на овие преселници.[8] Помеѓу 1923 и 1925 г. во Бугарија се иселиле уште 138 жители (20 семејства), а неколку семејства се преселиле во Гуменџе.[3] Со цел да се скрши националниот дух во Крива, во 1920-тите во власта доселила грчки дојденци. Во 1928 г. селото е претставено како мешано со 877 жители,[3] меѓи кои 79 биле грчки дојденци (16 семејства).[8][22] Повеќемина од дојденците се преселиле на други места бидејќи не можеле да опстанат во Крива.[3]
Во 1926 г. селото е преименувано во Гривас (Γρίβας).[8]
Благодарение на големиот прираст, на пописот од 1940 г. Крива имала 1.223 жители, од кои само 30 биле грчки дојденци.
На 15 август 1986 г. споменикот на грчкиот андарт Спирос Франгопулос во Крива е значително оштетен со чекан од мештанин на Крива.[23]
Месности во Крива преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
↑Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.633
↑„3. Ιερός ναός Αγίου Αθανασίου Γρίβας“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως – Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 25 јуни 2014.[мртва врска]
↑Македония : Сборник от документи и материали. София: Българска академия на науките. Институт за история. Институт за български език, Издателство на Българската академия на науките. 1978. стр. 538.
↑Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86. no-break space character во |title= во положба 94 (help)
↑Дебърски глас, година 2, брой 24, 2 октомври 1910, стр. 2.
↑Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61 – 69.
↑Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
↑Литовски, Александар. Jубилеен календар од егејскиот дел на Македонија во 2010. Организација на Македонците-потомци од Егејскиот дел на Македонија – Битола и Здружение на сетинци, попадинци и крушорадци от Лерин во Македонија. стр. 57. ISBN9989-9986-3-9. Посетено на 23 декември 2013 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
↑Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 236. ISBN978-619-9208823.