Црква „Св. Атанасиј“ - Луково
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Луково.[1] ИсторијаЦрквата е изградена во 1883 година од делкан камен со средства од самопридонес на населението.[2][3] Во 1894 година, црквата била зографисана од страна на Аврам Дичов — син на Дичо Зограф — и таа е негово последно дело.[4] Храмот исто така бил зографисан од страна на дебарскиот мајстор Јанаки Ненчов.[5] Во 2010 година, црквата била ограбена и од неа била одземена 21 икона, кои биле изработени од страна на Аврам Дичов.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида во задниот дел. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има полукружна ниша со фреска на Апостол Лука, а до внатрешноста води и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и над него има ниша во облик на крст со фреска на патрониот светец Атанасиј Александриски. На јужниот ѕид на црквата има три правоаголни прозорци со иста големина и на иста висина, а правоаголен прозорец има и во средишниот дел на апсидата. Објектот е граден од делкан камен и во целост е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има правоаголна основа и е прилепена до помошниот објект кој се наоѓа паралелно со северната страна на црквата. Градена е од тули и во горниот дел има по еден залачен отвор на јужната и северната, како и по два залачени отвори на западната и источната страна. Во гробиштата се наоѓаат гробовите на родовите: Маџовци, Коловци, Шуминовци, Петановци и Видичевци.[6] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia