Црква „Св. Атанасиј“ - Новаци
Свети Атанасиј – главна селска црква во селото Новаци.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во западниот дел од селото, во непосредна близина на основното училиште. ИсторијаЦрквата била изградена во 1868 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е претставен Свети Атанасиј. На западната страна има отворена припрата, а западниот ѕид од надворешната страна околу главниот влез во целост е живописан. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Камбанаријата се издига над северозападниот агол од црквата и во нејзиниот горен дел има по еден правоаголен прозорец на секоја страна. Објектот е обоен во бела боја со ниско црно цокле и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата има трпезарија, помошни објекти, базен за верски обреди и гроб. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia