Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина
Успение на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Старавина.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во источниот дел од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1862, а живописана во 1887 година.[2] Во 1918 година, храмот бил целосно разрушен. Потписите на фреските најпрвин биле испишани на грчки, а по обновата на храмот биле испишани на црковнословенски.[3] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Кон западната и јужната страна е доградена затворена припрата. Главниот влез е сместен на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на којашто е прикажано Успението на Пресвета Богородица, а над споредниот влез има ниша со фреска на Свети Никола. Во внатрешноста на црквата има висок иконостас, изработен од дрво во поново време. Се претпоставува дека фрескоживописот е дело на тајфата на браќата Јосиф и Јаков Радеви од селото Лазарополе, кои биле ученици и меѓу првите следбеници на Дичо Зограф. Како последица на оштетувањата на црквата во Првата светска војна, фрескоживописот е застапен само на ограничена површина. Особено внимание од фрескоживописот привлекува застапената сцена на прасловенските учители Свети Кирил и Методиј коишто се насликани во архијерејска одежда со митра на главата. Свети Кирил е прикажан како средовечен човек со темна коса и брада, кој во десната рака држи крст, а во левата отворен свиток со испишан текст на старословенски јазик. Свети Методиј е насликан како старец со бела коса и брада, кој со десната рака благословува и држи свиток со азбука во левата рака.[2] Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига непосредно од десната страна на влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди. Горниот дел има помала основа и во висина на ѕвоното е отворен. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia