Црква „Св. Бессребреници“ - Солун
Свети Бессребреници (грчки: Ιερός Ναός Αγίων Αναργύρων Ακροπόλεως Θεσσαλονίκης) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е сместен во североисточниот акропол на Солун, вон градските ѕидини и под Еди-куле. Во византиско време на ова подрачје имало манастир посветен на Светите Бессребреници Кузман и Дамјан. Во османлиско време овде било муслиманско маало и во дотогашниот манастир имало мала џамија наречена Попара Бара. Воо 1920-тите муслиманите се иселени во Турција и на нивно место се доведени турски Грци; џамијата е претворена во црква наречена „Св. Бессребреници“. По Втората светскка војна црквата станала премала за потребите и изградена е нова, отворена 6 септември 1959 г. од епископот Стефан Талантски по наредба на митрополитот Пантелејмон Солунски.[2] Сегашната градба е трикорабна засводена базилика со женска црква. Има и два параклиса — „Св. Бессребреници Кир, Јован и Пантелејмон“ и „Свети Никола, Св. Григориј Богослов и Св. Лука Симферополски“. Бил дел од парохијата на црквата „Свети Василиј“ во парк со кедрови дрва, како и „Св. Елевтериј“ во Еди-куле. Во храмот се чуваат чудотворни икони на Богородица Домостроителка и Богородица Скоропослушница.[2][3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia