Еди-куле (Солун)За тврдината во Истанбул, видете Еди-куле (Истанбул).
Еди-куле (грчки: Γεντί Κουλέ, турски: Yedi Kule или тврдината Ептапиргион грчки: Επταπύργιο, во превод Седум кули) — средновековна тврдина со кули која се наоѓа во Солун, Грција. ИсторијаТврдината била изградена во времето на Византија, во 12 век, врз темелите на античко утврдување од пред новата ера. Тогаш објектот претставувал цитадела, односно утврден град на врвот од ридот. Откако Османлиското Царство го освоила Солун во 1430 година, ја претворила тврдината во воен објект. Но пред крајот на 19 век, Османлиите решиле да ја направат затвор. Во овој период биле изградени нови објекти во внатрешноста со кое била променета намената на ѕидините. Затворската ера траела до 1989 година, кога последните осуденици го напуштиле Ептапиргион и биле префрлени во нов затвор. Грчките власти сепак заклучиле дека тврдината е културно-историско богатство на градот и не треба да се користи за таа намена. Но, затворските елементи сѐ уште постојат. Ептапиргион претставувал озлогласен затвор, особено во периодите како диктатурата на Метаксас, окупацијата во Втората светска војна, Грчката граѓанска војна и додека владеела Воената хунта. Иако тврдината е позната како Едикуле, односно тврдина со седум кули, истата има десет кули. Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia