Црква „Св. Богородица“ - Осломеј
Света Богородица — главна селска црква во кичевското село Осломеј, Македонија.[1] Црквата се наоѓа на раскрсницата, каде што се двои патот за самото село и за влезот во РЕК „Осломеј“. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. МестоположбаЦрквата е сместена надвор од селото во јужна насока. ИсторијаЦрквата била изградена во 1921 година,[2] како што стои и на самиот натпис на црквата. Во 1986 година била обновена и преосветена во 1987 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2] Според други извори таа започнала да се гради во 1924 година на местото на некое старо црквиште.[3] Црквата не била осветена до 1997 година, кога бил организиран голем црковно-народен собор.[4] АрхитектураВо изминатиот период, црквата била обновена и добила нов покрив, а во црковниот двор била подигната трпезарија и камбанарија.[4] ИконостасЦрквата поседува иконостас, кој бил подарок од Цветан Лазарески и потекнува од 1923 година.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia