Тимотеј Дебарско-кичевски
Тимотеј Дебарско-кичевски (20 октомври 1951 - 25 ноември 2024) — македонски владика, митрополит на Дебарско-кичевската епархија, МПЦ-ОА. Животопис![]() Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско со световното име Славе Јовановски.[1] Во 1976 година дипломира на Богословскиот факултет. Потоа работ како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот е испратен во Рим каде што ги завршува ориенталните студии и магистрира. На богословскиот факултет во Скопје извесно време работи како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија. Монашки потстриг прима на 10 септември 1981 година во Бигорскиот манастир, а на следниот ден е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир. На 13 септември истата година е ракоположен за јеромонах во Кичевскиот манастир, а за архимандрит е произведен во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Битола[2]. По изборот за епископ на 20 септември 1981 година хиротонисан е за архијереј на МПЦ во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 година е Митрополит Австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија. Со Австралиската епархија раководел до 1995 година, потоа со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски[3] сè до неговата смрт во 2024 година.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia