Црква „Св. Димитриј“ - Бојмица
Свети Димитриј (грчки: Άγιος Δημήτριος) — црква во гратчето Бојмица, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] ИсторијаВо 1843 г. османлиската власт дала дозвола за изградба на црква во селото. Жителите веднаш почнале со изградбата на „Св. Димитриј“, завршувајќи ја во 1859 г.[4] ![]() АрхитектураЦрквата е трикорабна базилика, типична за своето време. По населувањето на грчките доселеници во 1922 г. црквата е проширена на запад. Храмот има внатрешни димензии од 24,40 × 9,65 м. Корабите се одделени од девет пара столбови, од кои последнииот пар е зад иконостасот. По издолжувањето на црквата на запад, трем останал само на југ. Нишите на ѓаконикот и жртвеникот се вградени во дебелината на самиот источен ѕид, а нишата на олтарот е полукружна и одвнатре и однадвор. Храмот има три влеза — два од југ и еден од запад. Од нив оригинален е само јужниот, и во нишата над него има дел од фреска на покровителот Димитрија Солунски. Ѕидаријата е направена од речни камења, а аглите се од камени блокови изделкани правоаголно.[1] ВнатрешностОд особен интерес е внатрешноста на црквата. Живописана е од 1860 до 1862 г. од познатиот зограф Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Таваните имаат силни бои и геометриски форми. Предниците на аркадите имаат наивни фрески со сцени од житието на Христос. Владичкиот престол и амвонот се резбани и насликани со силни бои. Јужно од црквата има куловидна камбанарија.[1] Во храмот има икони од Авраам Папандреу (1852) и Дамјанос Георгиу (1869, 1871, 1873), на кулакискиот зограф Николаос Константину и на Димитар Вангелов од Петрово, Ениџевардарско.[5] Во 1981 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][6] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia