Црква „Св. Димитриј“ - Воренос
Свети Димитриј (грчки: Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Воренос, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е изграден на почетокот на XIX век на рид јужно од селото, каде се наоѓало средновековното село. Подигнат е врз апсидата на постара црква, откриена при археолошките ископувања од 2003-2005 г. Постарата црква веројатно датира од XV век, кога за селото се одвивал спор помеѓу Ардамерската и Ајватовско-рендинската епископија. Околу црквата имало камен ѕид.[1] На местото на црквата имало гробишта во времето на династијата Палеолози. Зафаќа површина од 1 декар, и тука преостанале две повеќевекови дрва. Во 1960 г. е решено местото да се зарамни и да се користи за земјоделски цели. Ископани се стотици кубици земја заедно со остатоците од византиската населба и фрлени во соседниот поток. Спасени се единствено темелните на градба од VI век.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia