Црква „Св. Димитриј“ - Магарево
Св. Димитриј — црква во битолското село Магарево. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. МестоположбаЦрквата е гробишен храм, сместен во северозападниот дел на селото. Недалеку на североисток, на повисок терен е Магаревскиот манастир со црквата „Св. Ѓорѓи“ од 1871 година.[1] ИсторијаХрамот е изграден во 1834 година. За време на Првата светска војна на подрачјето се воделе жестоки битки и црквата била уништена. Вредниот иконостас е демонтиран од бугарски војници со намера да го однесат во Бугарија. Сепак, нивната намера не успеала и тој е подоцна откриен и пренесен во храмот „Св. Богородица“ во Битола заедно со оној од „Успение на пресв. Богородица“ во Трново. По војната црквата е возобновена.[1] ОписЦрквата е голема и убава крстовидна камена базилика со сложена архитектура.[2] Во многу нешта е слична на „Св. Димитриј“ во Битола. Во внатрешноста нема зачувано траги од живопис. Иконостасот со два реда икони е нов, а од старите икони се зачувани само неколку оштетени примероци.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia