Црква „Св. Еремија“ - Пинтија
Свети пророк Еремија — македонски православен храм над скопската приградска населба Пинтија во местото, нарекувано од жителите на Горно Лисиче, Песја Чука. Меѓу месното население црквата се смета и нарекува манастир, таа е една од ретките цркви во Македонија посветена на овој светец пророк од Стариот завет. На патрониот празник, 13-14 мај, ручек во црквата раздаваат семејства од населбата Горно Лисиче. Околу црквата постојат камбанарија, кујна за ручање и сцена-амфитеатар на која се одржува детската културна манифестација „Цветови“[1]. ИсторијаДенешната црква била започната да се гради во 1989 година и била завршена во 1991 година, од страна на црковниот одбор на црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче,[2] на местото на старата помала црква која била изградена од ќерпич. Манастирот бил осветен во 1999 година од страна на митрополитот Агатангел.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia