Црква „Св. Преполовение“ - Драчево
Преполовение Руса Среда — манастир во месноста Пеленица во близина на селото Драчево. Поточно манастирот се наоѓа на ливада на рид над селата Батинци и Драчево веднаш до патот кој води од Драчево кон Горно Количани и повеќе други села во подножјето на планината Китка. Покрај конаците во манастирот има повеќе летниковци и голема широка ливада на која редовно се одржува голем народен собор по повод празникот Преполовение - Руса Среда кој се паѓа на половината меѓу Велгиден и Духовден во среда. На соборот кој е масовно посетен од жителите на Драчево и други околни места и градот Скопје се дели храна и има многу музика. Покрај за овој празник, народен собор во овој манастир се одржува и на други поголеми христијански празници како што е Голема Богородица. Во 2010 година, во манастирот Пеленица за првпат се одржа манифестацијата „Кромидијада“[1]. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia