Црква „Св. Атанасиј“ - Усје
Свети Атанасиј — црква во селото Усје во близината на градот Скопје. Таа е возобновена во 1979 година на местото на старата селска црква во која се најдени стари римски плочи и натписи. Осветувањето на црквата „Свети Атанасиј“ во село Усје се одржало на 29 септември 1991 година. Црквата се наоѓа во горниот дел на селото (Горното Маало) речиси на самиот завршеток на селото, во долот на Усјанскиот Јаз од неговата десна страна. На влезната врата на црквата е запишана годината на обновата на црквата — 1979, а постои и фреска-мозаик на патрониот светец Свети Атанасиј. Градбата на црквата содржи една главна голема купола, четири помали странични куполи, фасада од тули и камбанарија. Во склоп на црквата се и селските гробишта. Галерија
Поврзано
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia