Црква „Св. Захариј“ - Загар
Свети Захариј (грчки: Ναός Αγίου Ζαχαρία στο Γράμμο) — црква на планината Грамошта во Костурско, Егејска Македонија. Претставува единствената преживеана градба од некогашното село Загар.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија. ИсторијаСпоред повеќето истражувачи, храмот е изграден на крајот од XVI век и претставува една од највпечатливите цркви на ова подрачје.[2] Своевремено бил црква на денес исчезнат манастир, веројатно метох на соседниот манастир „Св. Архангели“ кај селото Чука, бидејќи црквата е мала.[3] Преостанала само црквата, но откриени се темелите на конаците.[1] Околу манастирот се развило селцето Загар. По уништувањето на Линотопи во 1769 г. во Загар се населило муслиманско население кое ја претворило црквата во џамија. Подоцна храмот е претворен во штала. По припојувањето на Егејска Македонија кон Грција во 1912 г. истиот одново станал црква. Во XX век е обновена припратата[3] која доготаш била во урнатини.[1] Во 1990 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4] АрхитектураЦрквата е крстокуполна и покриена со камени плочки, што заедно со внимателната ѕидарија покажува дека е дело на градители од еписката школа.[1] Внатрешноста е живописана, но голем дел од фреските се уништени во пожар. Зачуваните фрагменти се од XVII век, што се потврдува во натпис над прозорец одвнатре на јужниот ѕид со годината 1671.[3][5][6] Фреските во храмот се поврзуваат со зографи од Линотопската школа.[3][7] Оштетениот натпис над прагот на црквата е напишан на влашки со грчки букви и гласи:[7] ![]()
ФрескиПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia