Загар (село)
Загар или Свети Захарија (грчки: Άγιος Ζαχαρίας, Агиос Захаријас, до 1927 г. Ζαγάρι, Загари;[1] влашки: Zagar или Sfantu Zaharie[2]; албански: Zagari) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Иако не се води како населено место, според сознанијата на Симовски од 1998 г. месноста се користи од Власи како колибарска сточарска населба во летниот период.[3] Од селото денес останала само црквата „Св. Захариј“ од крајот на XVI век. ГеографијаСелото се наоѓало во областа Нестрамкол, западно од Нестрам и 40 км југозападно од Костур. Лежело на северните падини на планината Грамошта близу албанската граница, до извор на една од притоките на реката Бистрица.[3] ИсторијаВо 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.[4] По уништувањето на Линотопи во 1769 г. во Загар се населиле муслимани, кои ја претвориле црквата „Св. Захариј“ во џамија.[5] Во 1900 г. димотичкиот митрополит Филарет напишал дека во селото Загар живеат 16 муслимански семејства.[6] Во 1928 г. Панделис Цамисис напишал дека жителите на селото зборуваат албански како главен јазик, и само малку грчки, како и дека водат потекло од Линотопи, каде се потурчиле.[6] За време на Илинденското востание во почетокот на септември 1903 г. Загар го нападнала големата чета на Васил Чакаларов кој водел борба со тамошниот башибозук.[7] Во грчка статистика од 1905 г. селото е претставено како македонско, со 90 жители.[8] За време на Првата балканска војна Загар е окупиран од грчката војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоен кон Грција. Населението го напуштило селото во текот на војните, па затоа во 1913 г. селото не се спомнува како населено место.[3] на пописот од 1920 г. Загар се води како село со 66 жители. Во 1927 г. е преименуван во Агиос Захаријас. Следната година, во 1928 г. во него е заведен 31 жител, но понатаму веќе не се води како населено место[3] и до денес останува колибарска населба. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia