Црква „Св. Илија“ - Богомила

Свети Илија

Фреска на св. Илија во покровителската ниша од XVII век, пресликана во 1872 г.

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Парохија Богомилска
Местоположба

Карта

Координати 41°35′35.3″N 21°28′9.7″E / 41.593139°N 21.469361°E / 41.593139; 21.469361
Место Богомила
Општина Чашка
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Св. Илијаправославна црква во велешкото село Богомила, Општина Чашка. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Архитектура

Црквата е сместена на западниот крај на селото. Според мештаните, ова е постариот од двата традиционални селски храма. Претставува мала еднокорабна црква со издолжена полукружна апсида на источната страна. Изградена е од кршен камен.[1] Покривот е на две води. Храмот се состои од два дела — сегашниот олтарен простор вкопан во земјата всушност претставува стара црква, а новиот дограден дел има улога на трпезарија.[2] Пред самата црква се чува оригинална долга камена чесна трпеза, доказ за големата старост на храмот.[2][3]

Живопис

Во покровителската ниша јужно од западниот влез во олтарот има допојасна претстава на Свети Илија во зелена наметка со одвиткат свиток со црковнословенски текст и гускино перо во рака. Над неговото лево рамо напишана годината 1872, но сината заднина и сигнатурата се пресликани и се наѕира дел од поедноставниот изорен шрифт. Според уметничките одлики, фреската е од XVII век, пресликана од неук зограф на крајот од XIX или почетокот на XX век. Постар живопис (веројатно не постар од оној од 1872 г.) е средишната претстава на Исус Христос на источната страна, дел од правите фигури на светци од првото подрачје и дел од пророците во медалјони во второто.[2]

Во црквата има икона на Свети Илија од 1939 г. (31 × 22 × 1,8) потпишана од славниот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[1] Во Долната црква на селото, наречена „Св. Атанасиј“, се чуваат царски двери и иконостасни икони од XVII век, меѓу кои има и покровителска икона на Вознесението Илиево, за која се мисли дека можеби е земена од иконостасот на црквата „Св. Илија“.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Николовски, Дарко (2013). „Резултати од валоризацијата на црквите во селата Богомила и Бистрица во областа Азот, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. VI (11): 197.
  2. 2,0 2,1 2,2 Николовски, Дарко (2013). „Резултати од валоризацијата на црквите во селата Богомила и Бистрица во областа Азот, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. VI (11): 198.
  3. Николовски, Дарко (2017). „Прилог кон проучувањата на поствизантиската уметност во Општина Чашка, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. Χ (15): 279.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya