Општина Чашка
![]() ![]() Општина Чашка — општина во Вардарскиот Регион, во средишниот дел на Македонија. Градоначалник е Горан Стојановски. Административен центар на општината е истоименото село. Општината била изменета со новата територијална поделба на Македонија по донесениот закон во 2004 година. Денешната општина ги вклучува двете поранешни општини Богомила и Извор, како и одредени делови од Општина Велес. Општина Чашка се граничи со Општина Зелениково и Општина Студеничани на север, Општина Македонски Брод и Општина Долнени на запад, Општина Кавадарци и Општина Прилеп на југ и Општина Велес и Општина Градско на исток. ГеографијаОпштина Чашка се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Зафаќа површина од 825 км2 и се вбројува во трите најголеми општини по територија во Македонија. Истата е рурална општина со добра географска положба. Општината располага со вкупна обработлива земјоделска површина од 476 км2 и 48,97 км2 под пасишта. Соседни општина со кои се граничи општината се: од исток со Велес и Градско, од север со Зелениково и Студеничани, од запад со Македонски Брод и Долнени и од југ со Прилеп и Кавадарци. Според последните податоци од Заводот за статистика на територијата на општината живеат вкупно 7.673 жители во 42 населени места. Густината на населеност е 6 жители на км2. Општина Чашка има добра географска положба. Ги поседува најубавите и привлечни предели на планините Јакупица, Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро-запад. На територијата на општината е и највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2.540 м). Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна. Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана на хидросистемот „Лисиче“. Климатските одлики на општината се доста различни. Високите планини преку целата година се покриени со снег додека во рамничарскиот дел во летниот период владее несносна висока температура. Климата е континентална со мало влијание на суб-средоземна, која продира по долината на реката Тополка. Врнежите се мали претежно во есенските и зимски денови, а летата се топли и суви. Ветрови се јавуваат од сите правци, меѓутоа преовладуваат од северен и северозападен правец. ДемографијаСпоред пописот во 2002 година, Општина Чашка има 7.673 жители. Етнички групи во општината:[2][3]
Општествени установиОпштинската администрација во Општина Чашка е поделена на пет одделенија:
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Чашка е Горан Стојановски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Чашка е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 4 места ВМРО-ДПМНЕ: 3 места ДУИ: 2 места АА / БЕСА: 2 места Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia